Стотици уапсаени во Сирија, тврдат активисти за човекови права

од протестите

Активисти тврдат дека сиријските безбедносни сили уапсиле стотици луѓе во централниот град Хама, каде се случуваат масовни протести во знак на незадоволство од владеењето на претседателот Башар ал Асад. Очевидци тврдат дека најмалку 30 автобуси со војници влегле во населеното место вчера . Вооружените лица вршеле претрес на домови а во некои случаи и стрелале. Според претставник на Сиријската опсерваторија за човекови правa, војниците уапсиле 250 жители на Хама. Минатиот месец се тврдеше дека безбедносните сили убиле 60 лица.