Осуммина убиени во Ирак, насилствата се интензивираат

Најмалку осуммина припадници на безбедносните сили загинаа а дваесетмина се повредени во неколку напади низ Ирак. Милитанти нападнале припадници на војската и полицијата во девет напади во градовите Багдад, Kиркук, Мосул и во други места во земјата. Аналитичарите забележуваат дека во Ирак се интензивира насилството при повлекувањето на американските воени сили кое би требало да заврши во декември годинава.