Прочитано обвинението за случајот „Пајажина“

Велија Рамковски, сопственик на А1 телевизија

По четири одложувања денеска беше прочитано обвинението за случајот „Пајажина“. Обвинителките Гордана Гешковска и Лиле Стефановска неколку часа го читаа обвинението напишано на 72 страници, бидејќи адвокатите на Велија Рамковски инсистираа да се прочита секоја негова страница. Според обвинението, илјадници евра се одлевале во странство на фирми блиски до семејството Рамковски. Данок се затајувал со повеќекратното плаќање на една иста фактура, по пат на фиктивни позајмици или со исплати во кеш. Во него стои дека осомничените делата ги правеле преку фирмите од „Перо Наков“, но и преку фирми во Турција, Србија и Хрватска во сопственост на обвинетите членови од семејството Рамковски. На денешното рочиште не беше прецизирано за колку пари Рамковски и неговите управители ја оштетиле државата.