Првата распределба на имотот на СФРЈ

Државите наследнички на поранешна СФРЈ постигнаа договор за првата распределба на имотот на некогашната заедничка држава. Македонија според договореното, во првата фаза од распределбата на имотот ќе ја добие амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина. Според договорот Србија ќе и ја предаде на Хрватска зградата на Амбасадата во Виена и два стана во Трст. Словенија ќе ја добие резиденцијата во Рим, конзулатите во Клагенфурт и Милано, на Босна и Херцеговина ќе и припадне резиденцијата во Будимпешта и куќа во Вашингтон. Србија, ќе ја добие Амбасадата во Прага, како и резиденциите во Вашингтон и Отава. Распределбата на имотот се врши според договорените квоти на поранешните членки на југословенската федерација. Следната распределба е најавена за септември годинава.