Бранко Црвенковски повторно избран за лидер на СДСМ

Бранко Црвенковски

Бранко Црвенковски повторно е избран за лидер на СДСМ на тринаесетиот конгрес на партијата што се одржа во Битола. На тајното гласање Црвенковски доби поддршка од 562 делегати, а 6 биле против. На Конгресот, СДСМ го усвои и Извештајот за постигнатите резултати на предвремените парламентарни избори и изгласа доверба на органите и телата.