Судир на полицијата со вооружена група во западен Казахстан

Казахстанскиот сервис на Радио Слободна Европа соопшти дека полицијата се судрила со вооружена група во западниот дел на Казахстан. Полициската акција против групата беше спроведена откако беа убиени двајца полицајци во селото Шубарши. Според локалните власти се уште не се знае дали напаѓачите се членови на муслиманска екстремистичка група.