А1 со скратени вести, новинарите на колективен одмор

Од А1 телевизија соопштуваат дека во неможност да овозможат нормално функционирање на телевизијата, почнувајќи од вечерва ќе стартува со нова програмска шема, во која ќе се емитуваат скратени вести. Во соопштението се наведува дека вработените во А1 се соочени со неизвесна судбина на телевизијата , а за прв пат по 18 години постоење, новинарите на А1 заминуваат на колективен одмор, а вестите ќе се емитуваат без репортерски извештаи, анализи, без интервјуа или дебати.