На изборите во Тајланд победи опозицијата

Таксин Шинаватра.

Тајландскиот премиер Абхисит Веџаџива денеска го призна поразот на парламентарните избори во земјата откако резултатите покажа дека партијата на Јинглук Шинаватра освои убедлива победа. Таа е сестра на лидерот на анти-владиното движење „црвените кошули“ Таксин Шинаватра.
Иако се уште се очекуваат официјалните резултати, сепак извесно е дека Јинглук Шинаватра ќе биде права жена премиер во земјата. Изборите беа прв голем изборен тест за Владата, по минатогодишните масовни протести на опозицијата кога беше парализиран Бангкок и кога загинааа околу 90 луѓе.