Турција зазема поцврст став против Либија

Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Турција го повлекува својот амбасадор од Триполи, ќе усвои санкци кон Либија, а министерот за надворешни работи денеска го посети упориштето на бунтовниците во Бенгази. Со тоа земјaта постепено го менува својoт став кон Либија, и застанува на страната на западните сили, чија акцијa во почетокoт ја критуваше. Амбасадорот на Турција во Либија беше повлечен уште во март, заради немирите, но вчера му била доделена друга функција. Турција ќе воведе санкции против лидерот на Либија Moамер Гадафи, неговото семејство и блиските соработници. Овие санкции особено се однесуваат на либискиот министер за надворешни работи, која поседува 62 отсто од турско-либиската банка Во меѓувреме Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу, денеска е во посета на Бенгази на разговори со лидерите на Националниот преоден совет.