Грција-уапсен капетан на брод од флотилата за Газа

Грчките власти уапсиле капетан на американски брод кој е дел од флотилата која се обидува да стигне до појасот Газа. Капетанот се наоѓа во притвор во полициската станица во Пиреја, каде ќе остане до вторник кога ќе биде изнесен пред суд. Тој е обвинет за обид да го напушти пристаништето без дозвола, како и за загрозување на животот на патниците. Бродот се обиде да исплови од пристаништето Пиреја, но беше спречен од крајбрежната стража.
Грција им забрани на бродовите од флотилата за појасот Газа да ги напуштат пристаништата во државата.