Белорусија одбележува Ден на независноста

Белорусија денеска го одбележува Денот на независноста во време кога владата казнува опозициски активисти, луѓе што протестираат и последното апсење на првиот пост-советски лидер на земјата. Станислав Шушкевич беше уапсен вчера на влез во Белорусија кога се враќал од конференција во Литванија. Потоа е ослободен, но активистите за човекови права велат дека неговото апсење е обид да се задушат протестите. Протестите против претседателот Александар Лукашенко започнаа во декември и не престануваат до сега. Полицијата апси многу луѓе , блокира социјални мрежи, за да ги оневозможи протестите. Белорусија денеска го одбележува денот кога Минск на 3 јули, 1944-та година бил ослободил од страна на советската армија. Земјата претходно го прославуваше 27 јули, како Ден на независност, денот кога во 1990-та прогласи суверенитет по распадот на СССР. Но со одлука на Лукашенко во 1996-та тој ден веќе не се прославува .