Чешка- повлечени 30 илјади шишиња вода поради ешерихија коли

Поради присуство на бактеријата Ешерихија коли во негазирана минерална вода, чешкиот производител на водата ,,Аквила-аквалинеа", повлече 30 илјади шишиња од пазарот. Присуството на бактеријата го констатирала Државната инспекција за контрола на храната, која засега не ги знае причините за тоа како бактеријата се нашла во водата.