Либија-бунтовниците ја поздравија понудата на Африканската унија

Лидерите на либиските бунтовнички ја поздравија понудата на Африканската унија за отворени разговори со владата во Триполи, без директно учество на Моамер Гадафи. Од Националниот преоден совет изјавија дека тоа е прв пат Африканската унија да ги признае барањата на луѓето за демократија и човекови права во Либија. Понудата за разговорите беше дадена на Самитот на АУ во Малабо. Исто така од Унијата на членовите им беше кажано да не постапуваат по налогот за апсење на Гадафи издаден од Меѓународниот кривичен суд.