Во Тајланд се одржуваат парламентарни избори

Денеска во Тајланд се одржуваат парламентарни избори . Изборите се прв голем изборен тест за Владата, по минатогодишните масовни протести на опозицијата кога беше парализиран Бангкок и кога загинааа околу 90 луѓе. Демократскиот премиер Абхисит Веџаџива води тешка битка против партијата Пеи Таи која е сојузник на соборениот поранешен лидер Таксин Шинаватра. Околу 47 милиони луѓе имаат право на глас на изборите, а тие ќе ги изберете 500-те членови на Домот на пратеници. Поради можноста од насилство на изборите, над 170 илјaди полицaјци се распоредени надвор од избирачките места.