„Четворката“ за блискоисточните преговори се среќава на 11 јули

На 11 јули е закажан состанокoт на посредницитe во блискоисточните преговори. На состанокот треба да се разгледаат плановите за тоа како ќе се продолжи со израелско-палестинските преговори , во време кога Палестинците се подготвуваат да поднесат барање до ОН за признавање на нивната држава. На состанокот во Вашингтон ќе учествуваат преставници на така наречената „четворка“ САД, Русија ОН и ЕУ. На состанокот ќе присуствуваат американскиот државен секретар Хилари Клинтон, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и Комесарот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.