Петра Квитова победничка на Вимблдон во женска конкуренција

Петра Квитова

Чешката тенисерка Петра Квитова е победничка на тениско првенство Вимблдон во женска конкуренција. Попладево во Лондон, во женското финале на Вимблдон, Квитова ја совлада русинката Марија Шарапова со 2:0 по сетови, односно 6:3 и 6:4. Во машкото финале кое се игра утре, ќе се сретнат двајцата најдобри тенисери на денешницата, шпанецот Рафаел Надал и србинот Новак Џоковиќ