Бахреин-власта и опозицијата започнаа дијалог за помирување

Власите во Бахреин денеска започна разговори за помирување со опозицијата. Опозицијата организираше протести на кои бараа поголеми права. На денешните разговори во Манама , присуствувале 300 делегати од различни политички партии и групи поврзани со Владата. Но и покрај разговорите владата не попушти на барањето на опозицијата да се ослободат сите затвореници кои се осудени затоа што учествувале на протестите.Соединетите Американски Држави бараа власти и опозицијата во Бахреин да седнат на дијалог . Во земјата е стационирана 5-та флота на американската морнарица.