Почина српската актерка Оливера Марковиќ

Денеска во Белград на 87-годишна возраст по долго и тешко боледување почина српската актерка Оливера Марковиќ . Taa беше член на Народниот театар во Белград, каде оствари повеќе oд 100 значајни улоги . Во пензија заминува во 1989 година, а последната премиера на матичната сцена ја одигра во 1998 година.Добитник е на значајни награди. Марковиќ има глумено во 63 филмови, меѓу кои се „Воз без возен ред“, „Козара“, „Пат околу светот“, „Сибирската лејди Магбет“, „Национална класа“, „Мајстори, мајстори“, „Мојот татко на одредено време“, „Балкан експрес“, „Веќе видено“, „Браќа по мајка“, „Собирен центар“, „Урнебесна трагедија“. А снимала и телевизиски драми, серии, шоу програми.