ЕУ го поздравија успешниот референдум во Мароко

Човек гласа на референдумот за уставни измени

Европската унија денеска го поздрави одобрувањето на новиот устав во Мароко со кој се ограничуваат овластувањата на кралот. Од ЕУ ја повикаа владата брзо да ги спроведе реформите. Комесарот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и Комесарот за проширување Штефан Филе во заедничкото соопштение велат дека го поздравуваат позитивниот исход од референдумот за новиот устав во Мароко и демократски дух за време на гласањето. Прелиминарните резултати покажуваат дека Мароканците ги одобрија уставните реформи предложени од кралот Мохамед Шести. Неговите реформи се одговор на неодамнешните продемократски протести во соседството. Од Министерот за внатрешни работи соопштуваат дека од преброените гласови над 98 проценти гласале за реформите. Уставните промени предвидуваат зголемување на моќта на Премиерот и Парламентот, а намалуваењ на моќта на Кралот.