Министри од ДУИ во министерствата за одбрана и правда

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Веќе е извршена поделбата на местата односно се знаат кои министерски и заменик министерски места, како и државни секретари ги добиваат партиите во владината коалиција, изјави генералниот секретар на ДУИ Абдилаќим Адеми. Сега се усогласуваат програмите на партиите за една заедничка програма на Владата, како и за поделбата на другите места во државната управа, односно директори на фондови, агенции и слично, изјави Адеми. Според постигнатиот договор ДУИ ќе добие две вицепремиерски места за спроведување на Рамковниот договор како и за евроинтеграции, додека од министерствата - одбрана, правда, економија, животна средина и просторно планирање и локална самоуправа, рече Адеми. Според него, се уште не се знаат носителите на функциите кои најверојатно ќе бидат утврдени на седница од централното претстедателство на ДУИ во текот на следната недела.
Преговорите се водат коалицирањето да биде на партнерска основа со заедничка програма и заеднички цели што побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ, подобрување на животот и стандардот на граѓаните со подобрување во здравството, екологијата, образованието, изјави Абдилаќим Адеми