Јемен-50 војници исчезнале по напад на Ал Каеда

Најмалку 50 јеменски војници исчезнале по нападот врз нивната група, од припадници на Ал Каеда, соопштуваат воените власти. Војниците биле нападнати на стадион во градот Занџибар. Војницте во Занџибар го обвинија министерството за одбрана дека ништо не превзема за да ги заштити цивилите во тој град, кој од мај е мета на екстремистичките групи. Високите преставници на министерството избраа да бидат гледачи во целата ситуација, но ние нема да им се предадеме на припадниците на Ал Каеда, и ќе се бориме до последниот куршум, изјави преставник на војската во Занџибар.