САД и Шпанија нема да му дозволат на Гадафи да се заканува

Хилари Клинтот

Соединетите драви и Шпанија велат дека нема да му дозвола на Моамер Гадафи со заканите за напади на Европа , за се отргнат од намерата да ги заштитуваат либиските цивили. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон која е во посета на Шпанија, денеска во Мадрид изјави дека Гадафи наместо да се заканува , треба да ги стави на прво место интересите на својот народ. Шпанскиот министер за надворешни работи, Тринидад Хименез рече дека земји ќе продолжат да вршат притисок да се елиминира заканата на Гадафи врз либиските цивили. Гадафи во петокот предупреди дека може да ја нападне Европа, ако НАТО не запрат со својата кампања во Либија