Муслиманско братство подготвено за дијалог со САД

Портпаролот на египетското исламистичко движење Муслимански браќа Мохамед Гозлан денеска изјави дека тоа движење е подготвено на преговори со Соединетите држави. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вчера изјави дека администрацијата на претседателот Барак Обама е отворена за разговори со Муслиманските браќа. По соборувањето на Хосни Мубарак од власт, ова движење е најорганизираната политичка сила во Египет и се очекува да има значајна улога на претстојните парламентарни избори.