Во БиХ суспендиран главниот обвинител

Милорад Барашин

Институцијата која го надгледува босанскиот правосуден систем го суспендира главниот обвинител Милорад Барашин поради сомневања дека имал врски со меѓународниот дилер на оружје Слободан Тешиќ. Една локална телевизија прикажа снимки на Барашин со Тешиќ кој е на црната листа на Обединетите нации како прекршувач на санкциите против Либерија. Барашин изјави дека оваа средба била дел од истрагата за шверц со оружје низ Босна.