Договор меѓу Скопје и Атина и веднаш преговори со ЕУ

За Полска не е прашање дали туку кога Македонија ќе стане членка на ЕУ, што побрзо тоа подобро, изјави денеска полскиот амбасадор во Скопје Карол Бахура пред отворањето на изложбата „Полски плакат“ во мултимедијалниот центар Мала станица.
Во последниот извештај за напредокот на Македонија, додаде Бахура одговорајќи на новинарско прашање, јасно стои дека преговорите за членство може да почнат веднаш штом се постигне договор околу прашањето за името со Грција.
Според него, трите клучни приоритета на полското претседателство со ЕУ што официјално почнува денеска и ќе трае следните шест месеци, се европските интеграции како извор за развојот, создавање безбедна и отворена Европа со силна поддршка за проширување кон Западен Балкан.