Илјадниси сиријци бараат од Башар ал Асад да замине

Илјадници сиријци денеска повторно протесираат против режимот на Башар ал Асад. Ноќеска биле убиени уште тројца демонстратни, а во досегашните протести се убиени околу 1400, јавиваат активистите.
Во меѓувреме шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва и натаму е против резолуција на Обединетите Нации спрема Сирија. Русија и Кина се спротивставија на нацрт резолуцијата предложена од Франција, Британија и Германија во Советот за Безбедност со која се осудува бруталноста на режимот на Башар ал Асад кон демонстрантите. Тој ја повика и опозицијата во Сирија да разговара со лидерите во Дамаск.