Во Мароко референдум за уставни измени

Денеска во Мароко се одржува референдум за уставни измени, предложени од кралот Мухамед Шестти. Со нив, меѓу другото, е предвидено премиерот и парламентот да добијат поголема моќ. Исто така се предлагаат и поголема независност на судството и гарантирана слобода на изразување. Ова е прв референдум за уставни измени и доаѓа како одговор на протестите инспирирани од востанијата во арапскиот свет. 47 годишниот Мухамед го наследи престолот од неговиот татко Хасан Втори пред 12 години.