Протест на Косово за нова џамија

Приштина

Муслимани на Косово се собраа денеска по петочната молитва со барање да добијат локација за изградба на нова џамија. Муслиманите се жалат дека немаат доволно простор за зголемениот врој верници. Барањата се зголемија откако зграда на една гимназија беше урната за да се направи место за католичка црква во центарот на Приштина. Повеќето од џамиите на Косово се уште од времето на Отоманската империја.