90 годишнина на Комунистичката партија на Кина

Кинескиот претседател Ху Џинтао по повод 90 годишнината на Комунистичката партија ги истакна политиките кои, како што рече, ја прават земјата богата и моќна. Во денешното телевизиско обраќање до нацијата Ху Џинтао изјави дека кинескиот народ ја поддржа револуцијата со која Комунистичката партија дојде на власт, но и економските реформи кои носат просперитет. Тој не ги спомна радикалните кампањи во кои во првите децении на комунистичката власт загинаа десетици милиони луѓе. Сепак, тој укажа дека успехот на партијата почива врз нејзината способност да учи од грешките.