Чавез соопшти дека му бил изваден канцероген тумор

Претседателот на Венецуела Уго Чавез по операцијата се појави со поранешниот кубански претседател Фидел Кастро во Хавана.

Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека во операција му бил изваден канцероген тумор. Ова тој го соопшти во првото телевизиско обраќање откако се врати од лекувањето во Куба. Во Венецуела се шпекулираше дека Чавез можеби е сериозно болен, поради неговиот долг престој на Куба. Неговите помошници и семејството ја уверуваат јавноста дека претседателот се опоравува добро.