Мировници на ОН предизвикувачи на колерата во Хаити

Mировниците на ОН од Непал се извор на епидемијата на колера во Хаити, се истакнува во новиот извештај на Американскиот центар за контрола и превенција од болести. Од колера на Хаити починаа повеќе од 5.500 луѓе, се истакнува во новиот извештај. Болеста ја зафати земјата која се опоравуваше од силниот земјотрес кој ја погоди во јануари 2010 година кога загинаа повеќе од 300 илјади луѓе. Случаи на колера се појавија првин во централниот дел на Хаити во октомври минатата година.