Обама го одликуваше Гејтс со орден на слободата

Американскиот претседател Барак Обама го одликува секретарот за одбрана Роберт Гејтс со претседателски орден на слободата, на прошталната церемонија за заминување на Гејтс. Обама изјави дека Гејтс е еден од најдобрите секретари за одбрана што САД ги имале. Во својата 40 годишна кариера Гејтс им служел на 8 претседатели. Обама му заблагорадил за неговата улога во војната во Ирак и за улогата во Авганистан. На местото на Гејтс доаѓа Леон Панета, шефот на разузнавачката агенција.