Русија-Франција сурово ја крши резолуцијата на ОН за Либија

Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели дека вооружувањето на либиските бунтовници е „сурово кршење“ на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН кој во февруари наметна ембарго за оружје за Либија. Франција вчера стана прва членка на НАТО, која призна дека ги вооружува бунтовниците што се борат против либискиот лидер Моамер Гадафи. Француските воени претставници велат дека потегот е неопходен за да се заштитат либиските цивили. Лавров изјави дека Русија побарала објаснување од Франција. Најавено е дека утре Лавров ќе го пречека неговиот француски колега Алан Жипе, кој утре треба да ја посети Москва. Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен денеска изјави дека Алијансата не е вмешана во француската операција за снабдување со оружје на либиските бунтовници кои се борат против Моамер Гадафи.