Иванов: ЕУ, НАТO врвни приоритети на Македонија

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Членството во НАТО и ЕУ остануваат врвни приоритети изјави претседателот Ѓорге Иванов на Самитот на шефови на држави и влади , членки на Процесот на соработка во Југоисотчна Европа. Тој изјави дека Балканот мора да функционира како обединет регион, дел од обединетиот европски пазар затоа што е важна алка во европската комуникација кон светот. Без интеграција на нашиот регион не можеме да зборуваме за целосно успешен и заокружен процес. Само целосно обединета Европа ќе може да биде конкурентна на другите големи и растечки сили и да се справува со бројните проблеми, денес, утре и во иднина. Европа не смее повеќе да биде изненадувана, како со настаните и распадот на СФРЈ, Северна Африка и Медитеранот, или со проблемите во Еврозоната. Лидерите на ЕУ имаат обврска да делуваат во интерес на Европа, рече Иванов.