Истрага за насилствата во центарот на Атина

Атина

Грчката Влада нареди истрага за вчерашните насилствата во центарот на Атина за време на демонстрациите против прифаќањето на економските мерки.
Во вчерашните протести беа повредени над 100 луѓе. Грчките пратеници попладнето го прифатија среднорочниот економски план за периодот 2012-2015 година.
Грчкиот министер за заштита на граѓаните Христос Папуцис наредил началникот на полицијата да изврши истрага за видео снимки објавени на телевизијата Алтер во кои полицајци соработуваат со маскирани мажи кои се од редовите на демонстрантите за да растераат други демонстранти.