Од удари од гром во Африка загинале 37 луѓе

Триесет и седум луѓе загинале од удари од гром во Уганда и Нигерија. Властите во Уганда соопштија дека 22 студенти и наставници загинале кога гром удрил во училиште во западниот дел на земјата. Повеќе од 50 студенти се повредени. Властите во Нигерија пак јавуваат дека во одвоени удари на гром , загинале 15 луѓе во североисточниот дел на земјата .