Франција потврди дека ги вооружува либиските бунтовници

Француската армија соопшти дека им дала оружје на либиските бунтовници кои се спротиставуваат на борбените сили на либискиот лидер Моамер Гадафи. Франција е прва земји членка на НАТО која јавно објави дека ги вооружува бунтовниците. Францускиот полковник Тиери Буркард изјави дека помошта што им ја дале на либиските бунтовници вклучува пушкомитралези, ракетни гранати и муниција. Во меѓувреме, Британија денеска потврди дека либиските бунтовници ја добиле првата рата од ветената помош во износ од 100 милиони долари.