МНР препорачува да не се патува во Атина

Протести во Атина

Поради последните случувања во Грција и демонстрацијата на насилство во главниот град, Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги предупредува сите македонски граѓани кои имаат намера да патуваат во оваа земја или веќе престојуваат таму, да избегнуваат да патуваат во Атина и во другите поголеми градови, како и присуство на јавните собири, се наведува во писмена препорака од МНР.