За два месеци 764 обиди за злоупотреба на визното олеснување

Како дел од мерките за спречување на злоупотребата на визната либерализација од 29 април до 27 јуни ,од граничните премини се вратени 764 македонски државјани кои се обидела да го злоупотребат визното олеснување, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Јанкуловска присуствува на Конференцијата на министрите за внатрешни работи во рамки на Салцбуршкиот форум, што се одржува во Австрија. Министерската средба во најголемиот дел е посветена на иднината на Шенгенот и граничното менаџирање, тенденциите на заедничката европски политика за азилот и досегашните регулативи во оваа област, визната либерализација и постигнувањата на полето на меѓународната полициска соработка, особено низ призмата на меѓународните институции.