Грчките медиуми штрајкуваат четири часа

Од вчерашните протести во Атина

Грчките медиуми одржуваат четиричасовен штрајк и голем дел од нив нема да го прикажат гласањето во Парламентот за планот за штедење.
Државната телевизија и речиси сите приватни тв канали и радио-станици, како и државната новинска агенција и Интернет страниците прекинаа со емитување вести од 11 часот наутро по локално време, односно десет часот по средноевропско време на четири часа. Наместо вести, се емитуваат снимени емисии.
Се очекува вестите да се вратат во локалните медиуми веќе по гласањето за намалување на трошоците во грчкиот Парламент, кое се планира за 14 часот по локално време. Во меѓувреме на плоштадот Синтагма во Атина се собираат илјадници луѓе. Тие се обиделе да го блокираат булеварот кој води од центарот до Парламентот. За подоцна денеска е најавен голем протест организиран од двата најголеми синдикати во Грција.