Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Атина

Во Атина изутрината, на вториот ден од генералниот штрајк против новите мерки за штедење, повторно избувнале судири меѓу демонстрантите и полицијата која била принудена да употреби солзавец. Грчкиот парламент денеска треба да гласа за законот за натамошни кратења на трошоците и за приватизација на јавните претпријатија што е предуслов земјата да добие нова меѓународна финансиска помош. Вчерашните протести во Атина исто така беа одбележани со судири во кои беа повредени десетици граѓани и полицајци. Се очекува, и покрај протестите, грчките пратеници да ги усвојат новите мерки.