Грчкиот парламент ќе гласа за мерките за штедење

Судири на полицијата и демонстрантите во Атина

Грчкиот парламент денеска се очекува да го започне гласањето за последната рунда мерки за штедење во вредност од 28 милијарди евра. ММФ и ЕУ соопштија дека Грција мора да го усвои пакетот за штедење за да го добие заемот од 110 милијарди евра за спас од банкрот.
Во пресрет на гласањето полицијата се судри со демонстрантите пред парламентот во Атина, при што 46 лица се повредени, а 14 уапсени.