Судири на полицијата и демонстрантите во Египет

Протестите во Египет против режимот на Хосни Мубарак

Египетската полиција при судирите со демонстрантите во Каиро употребила солзавец. Немирите започнаа вчера во близина на главниот град каде семејствата на околу 840 лица, кои беа убиени за време на протестите против режимот на Хосни Мубарак се собраа да им одадат почит на жртвите.
Министерството за внатрешни работи ја обвини групата дека сака да предизвика инциденти.