Русија ја укина забраната за увоз на зеленчук од ЕУ

Руските власти соопштија дека веќе не е на сила забраната за увоз на зеленчук од ЕУ поради стравовите од бактеријата Ешерихија коли. Според руската генција за заштита на потрошувачите сите пратки на зеленчук било дозволено да влезат во земјата по 26 ден од забраната, но тие морале да имаат сертификат за безбедност.
Спорот меѓу ЕУ и Русија за забраната го забави влезот на земјата во Светската трговска организација.