Судот во Хаг бара луѓето блиски до Гадафи да го уапсат

Меѓународниот суд за правда во Хаг денеска ги повика луѓето блиски до либискиот лидер Моамер Гадафи да се свртат против него и да го уапсат.
Меѓународниот суд вчера издаде потерница за апсење на Гадафи, неговиот син,и шефот на разузнавачката служба, поради извршени злосторства против човештвото. Но според мандатот на судот даден од ОН, немаат конкретен мандат за апсење.