Атина -полицијата со солзавец се справува со демонстрантите

Полицијата во Атина употребила солзавец за да се справи со една група на демонстранти, кои фрлале шишиња и други предмети. Илјадници демонстранти од утрово протестираат во центарот на Атина поради најавениот, нов порестриктивен пакет мерки за штедење. Демонстрациите протестираат на централниот плоштад Синтагма во Атина, пред грчкиот Парламент. Синдикатите стапија во 48 часовен штрајк. Училиштата и судовите се затворени, а болниците работаат со минимален број луѓе, а во прекин ќе биде и сообрaќајот. На граничните премини кон Грција исто така има проблеми поради штрајкот на грчките цариници и полицајци. На преминот Богородица, товарниот сообраќај е целосно во прекин, а патничките возила се пропуштаат на секои два часа по 15-тина минути.