Никола Груевски го доби мандатот за нова влада

Претседателот Ѓорге Иванов му го врачи мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за мандатар на новата влада. Груевски сега има 20 дена да го достави составот и програмата за работа на владата. Откако ќе бидат доставени, најдоцна за 15 дена Собранието треба да одржи седница за избор на владата. Владата се избира со мнозинство гласови.