Турција- Собранието ќе се конститутира без опозицијата

Турскиот парламент

Денеска ќе се одржи конститутивна седница во турскиот пaрлaмент. Церемонијата на којa пратениците ќе дадат заклетва е во сенка на бојкотот од пратениците од опозицијата. Главната опозициска Републиканска народна партија која освои 135 места во 550-члениот законодавен дом, најави дека ќе ја бојкотираат денешната седница , поради тоа што на двајца пратеници им е одзеден мандатот. Станува збор за курдски пратеници на кои им се суди за заговор за соборување на владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган. И триесет и шест курдски пратеници се изјаснија дека ќе го бојкотираат Собранието. Двете партии заедно сочинуваат 30 проценти од вкупниот број на пратеници.