Гувернерот на авганистанската централна банка си поднесе оставка

Гувернерот на авганистанската централна банка, Абдул Кадир Фитрат, си поднесе оставка, изјавувајки дека животот му е во опасност поради истрагата за корупција која е насочена против високи функционери. Фитрат ова го соопшти за време на посетата на Соединетите Држави, додавајки дека авганистанската влада не ги гони осомничените кои ја доведоа до колапс Кабулската банка, во минатата година.