Кинескиот премиер во посета на Германија

Кинескиот премиер Вен Џибао, во рамките на европската турнеја, денеска е во посета на Германија. Главна цел на посетата е унапредувањето на економската соработка. Дајмлер и Фолксваген планираат да изградат дополнителни фабрики во Кина. На разговорите Меркел – Џибао, како што е најавено, ќе стане збор и за непочитувањето на човековите права во Кина.